И официјално се остварува долгогодишниот сон: Националната установа Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово сега и официјално го има статусот Национална установа Универзитетска библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово. Ова е значаен чекор за развојот на библиотеката, унапредувањето на библиотечните услуги и поддршката на академската заедница.
Најважно е што Тетово и околината имаат достојна национална установа – универзитетска библиотека, која треба постепено да ја развиваме, со посветеност и заедничка визија.
Нов чекор за библиотеката, нова можност за образованието и културата во Тетово.
По овој повод, изразувам посебна благодарност до сите што ја дадоа својата поддршка и придонесоа за остварувањето на овој долгогодишен сон.
Со почит и благодарност,
Binas Pajaziti
За повеќе информации, можете да го прочитате и официјалното соопштение на министерот на социјалните мрежи:
https://www.facebook.com/
Поврзани вести



