Почитувани,
НУ Библиотека “Кочо Рацин” во Тетово, со особено задоволство ја најавува Првата Меѓународна конференција на тема:
„Мост на знаење: разновидност, дијалог и иновации во современите библиотеки”, посветена на современите улоги, предизвици и развојни насоки на библиотекарската професија во дигиталното општество, која ќе се одржи на 15-16 октомври 2026 година.
Во едно, се објавува повик за доставување трудови во рамки на тематските области на конференцијата. Ги покануваме библиотекарите, истражувачите и сите заинтересирани професионaлци да придонесат со свои научни и стручни трудови.
Повеќе информации за темите, роковите и условиите за учество на следниот линк:
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА