Logo Loading

Блог

  • Home
  • Events

Прва средба од проектот „Клуб на читатели“.

Takimi i parë i projektit “Klubi i lexuesve”
Во рамките на проектот „Клуб на читатели“, ИН Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово, во просториите на Француската алијанса во Тетово, ја одржа првата средба со членовите на клубот. Оваа година дел од клубот ќе бидат и средношколци од Тетово, со цел да ги поттикнат младите да читаат и да бидат поблиску до книгите. Првата средба помина во многу интересна атмосфера, каде учениците најпрвин се запознаа, даваа идеи за реализација на следните средби и секако ги одредија насловите на книгите за кои ќе се разговара. Комедијата „Тартуфи“ од Молиер и „Романи“ од Цвајг се двете дела за кои ќе се разговара на следната средба, оваа средба ќе биде на 22 април 2024 година.
Посебна благодарност до проф. Мимоза Цека која даде безрезервна поддршка во реализацијата на овој проект и секако на прекрасните студенти кои станаа дел од овој клуб. Се гледаме повторно на 22 април. Сите кои немавте можност да бидете присутни овој пат, Библиотеката ви посакува добредојде на други средби! Тетовската библиотека и Француската алијанса ви ги отворија вратите на соработка, почитувани читатели. Дискусии за различни дела, поттик за читање и пред се забава, клубот ви нуди! Добредојдовте!
mk_MKMK