Logo Loading

Cart

Нема продукти во Кошничката.

ПОБАРАЈ ГО КАТАЛОГОТ

  • Home

Преку web страната на ВБМ Центар Македонија  постои можност on-line да го пребарувате библиотечниот материјал на локалната база на библиотеката како и базите на другите библиотеки членки во COBISS системот.

Основен начин на пребарување

  1. Пристапувате на линкот https://plus.mk.cobiss.net/opac7/bib/search?q&db=cobib&mat=allmaterials

Ако сакате да пребарувате само во нашата Библиотека во долното поле пишувате КРТЕ и бирате КРТЕ – Библиотека Кочо Рацин , Тетово – сите одделенија за целосен преглед.

Во горното поле пишувате термин, збор по кој сакате да пребарувате и кликнувате на копчето Пребарај.

Изборно пребарување

  1. Ако сакате да одите на Изборно пребарување одете директно на следниот линк:

https://plus.mk.cobiss.net/opac7/bib/search/advanced?db=cobib

Ако сакате да пребарувате само во нашата Библиотека во долното поле пишувате КРТЕ и бирате КРТЕ – Библиотека Кочо Рацин , Тетово – сите одделенија за целосен преглед.

Ако го знаете името на авторот го впишувате во соодветно поле и тоа прво презимето, името (на пр. јаневски, слав*). После презимето стои запирка, а после запирката оставате едно место па го впишувате името на авторот кое не мора да биде целосно напишано туку може да се скрати со знакот * и кликнувате на копчето ПРЕБАРАЈ. Кога пребарувате по наслов го впишувате насловот во соодветното поле и потоа кликнувате на копчето ПРЕБАРАЈ.    

  1. На следниот екран добивате листа со записи со податоци за насловот, авторот, година на издавање, јазик на публикацијата, како и податок за тоа што всушност претставува таа, дали е роман, статија, поезија, монографска публикација..
  2. Кликнувате на конкретниот наслов кој ви е потребен, со што добивате основни информации за него, а во долниот лев агол се наоѓаат податоците за сигнатурата  која треба да ја запишете и да му ја дадете на библиотекарот за да го добиете бараното дело. Сигнатури кои се присутни во базата на Библиотеката можат да започнуваат со буквата Д – што значи дека насловот е сместен на Детскиот оддел, со буквата В – што значи дека насловот е сместен на одделот за Возрасни, со буквата Р – што значи дека насловот се наоѓа во роднокрајниот оддел.
  3. Сигнатурата ја запишувате во нејзиниот целосен облик пример:

Д мак Де ЈАНЕВСКИ С. Црни
В II 14510
Р II 980

Други можности за пребарување се следните: 

  • клучен збор – кога не знаеме конкретен наслов, автор туку пребаруваме на пример по тема, област (пример педагогија, медицина….)
  • година на издавање – ја впишуваме годината кога е издадено делото кое ја бараме
  • издавач – кој го издал делото
  • јазик – на кој е напишано делото

COBIB.MK – Заемна библиографско-каталожна база на податоци

Покрај локалниот каталог на Библиотеката можете да ги пребарувате каталозите на другите библиотеки во Македонија – кои се вклучени во COBISS системот. Тоа го правите така што кога бирате база на податоци во долното поле избирате СИТЕ БИБЛИОТЕКИ. Како резултат на пребарувањето добивате податоци кои библиотеки во Македонија го имаат насловот кој го барате, а за библиотеките кои имаат автоматизирана позајмица може да видите дали има достапни примероци.

COBISS.Net

Исто така постои можност за пребарување на каталозите на другите библиотеки надвор од Македонија, чии бази на податоци се дел од COBISS системот. Тоа може да го направите на следниот начин:

  • Од основниот екран на Виртуелната библиотека на кликнувате на линкот COBISS.Net со што добивате пристап кон земјите кои имаат on-line база на податоци.
  • Избирате земја во која сакате да пребарувате на пример Словенија и го бирате каталогот каде ќе вршите пребарување (а тоа е вообичаено заемниот каталог).
  • Кликнувате на тој линк и го вршите вашето пребарување на веќе покажаниот основен/изборен начин. Како резултат на пребарувањето во долниот дел на екранот се испишуваат библиотеките во кои се наоѓа насловот кој го барате.

 

mk_MKMK