Врз основа на член 76-а став 1 и 2 алинеја 5 и 6, член 76-ѓ, член 76-е, член 77-а став 1, 2 и 5, член 77-б, член 77-в став 1, член 77-г, член 77-д, член 77-ѓ од Законот за култура („Службен весник на РМ“ бр. 66/03, 49/03, 82/05, 24/07, 116/10, 47/11, 51/11, 136/12, 23/13, 187/13, 44/14, 61/15, 154/15, 39/16, 11/18 и 11/18), член 20-г од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ“ бр. 27/14, 199/14, 27/16, 35/18, 198/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 143/19 и 14/20), член 22 и 23 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.167/15, 27/16, 120/18 и ,,Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 110/19, 267/20, 151/21, 288/21 и 111/23), Правилникот за задолжителните елементи на јавниот оглас за пополнување на работно место во јавниот сектор преку вработување и на Пријавата за вработување, како и формата, содржината и начинот на водење на регистарот на лица кои дале лажни податоци при вработување во јавен сектор („Службен весник на РМ“ бр.34/15), Согласност од Министерство за финансии бр. 19-7907/2 од 22.05.2025 година и 19-7567/2 од 17.07.2025 и Согласност за обезбедени финансии бр. 40-6772/3 од 22.07.2025 година и 40-1199/10 од 17.07.2025, Националната Установа – Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово објавува
ЈАВЕН ОГЛАС БР. 01/2025
за вработување на неопределено работно време 8 (осум) лица даватели на услуги во културата и 1(едно) лице помошно-технички персонал
Националната Установа библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово објавува јавен оглас за вработување на 8 (осум) лица, даватели на услуги во културата на следните позиции:
1. КУЛ 03 04 Д03 001 – Библиотекар 5 (пет) извршители;
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- стекнати најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен -Наука за книжевност, Библиотекарство
- работно искуство:една година работно искуство во струката.
Работно време: неделно: 40 часа неделно 08:00 – 16:00
Паричен нето износ на плата: 51,359,00 денари
2. КУЛ 03 04 Ѓ02 005 – Библиотекарски помошник 2 (два) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- више или високо образование со стекнати најмалку 180 ЕКТС или завршено средно образование
- работно искуство:без работно искуство.
Работно време: неделно: 40 часа неделно 08:00 – 16:00
Паричен нето износ на плата: 40.033,00 денари
3. КУЛ 03 04 Г03 002 – Соработник за литературна дејност 1 (еден) извршител
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на образование 240 според ЕКТС или завршен VII/1 степен или завршено средно образование;
- работно искуство: најмалку една година работно искуство
Работно време: неделно: 40 часа неделно 08:00 – 16:00
Паричен нето износ на плата: 43.724,00 денари
Помошно технички персонал
1. Хигиеничар КУЛ 04 01 Б03 001
Општи услови:
- да е државјанин на Република Северна Македонија;
- да е полнолетен;
- да има општа здравствена способност за работното место
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- ниво на образование Основно образование
- работно искуство: со и без работно искуство
Работно време: неделно: 40 часа неделно 07:00 – 15:00
Паричен нето износ на плата: 30.274,00 денари
Кандидатите за вработување се пријавуваат на јавниот оглас преку пополнување на пријава и приложување на докази за исполнување на условите за работното место.
Пријавата за вработување кандидатите можат да ја подигнат во НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово. Кандидатите кон пријавата треба да приложат во оригинал или заверени на нотар:
– Уверение за државјанство;
– Лекарско уверение за општа здравствена способност за работното место;
– Потврда дека не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност; – Доказ за завршено образование;
– Доказ за работно искуство.
Јавниот оглас трае 15 дена од денот на неговото објавување во дневниот печат.
Постапката за селекција за вработување се состои од: административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас и интервју.
Кандидатите кои успешно ја поминале постапката на веродостојност на докази имаат право да продолжат на интервју.
Ненавремени и некомплетни пријави и документи нема да се разгледуваат.
Пријавата со комплетните документи кандидатите можат да ја достават директно во архивата на НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово, заклучно со последниот ден до 15 часот или по пошта во затворен плик со назнака „за оглас“ на адреса НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово, бул. Маршал Тито бб , 1200 Тетово, Република Северна Македонија.
Тетово 25.07.2025 Директор: Binas Pajaziti