Logo Loading

Блог

  • Home
  • Lajme

Меѓународна конференција „Cobiss 2024“

Konferenca ndërkombëtare “Cobiss 2024”
На 23 и 24 октомври во Марибор (Словенија) се одржа меѓународната конференција „Cobiss 2024“ во организација на Институтот за информатички науки (ИЗУМ), под мотото „Работиме заедно за градење доверба и развој во науката“
На конференцијата присуствуваа познати експерти од земјите членки на платформата „Cobiss.net“ и од меѓународни центри и институции од областа на информатичката технологија, претставници на библиотеки од регионот и пошироко, како и претставници од словенечките истражувачки институции .
На оваа конференција учествуваа над 200 учесници, а НУ Библиотеката „Кочо Рацин“ – Тетово беше претставена од библиотекар советник @Елизабета Трпческа Петрушевска на тема: Дали библиотеките во Македонија се подготвени за примена на вештачка интелигенција (ВИ)?
Ова беше 24-та конференција Cobiss, на која говорниците се осврнаа на актуелни прашања и презентираа современи теми поврзани со можноста за користење вештачка интелигенција во дигитални платформи кои библиотеките ги имплементираат во нивните услуги за корисниците, дискусии за ограничена пристапност на услугите за групи со попреченост, вовед и промоција на новите услуги „Cobiss Lib“, „Cobiss Cat“ и „Cobiss+“.
Дали библиотеките во Македонија се подготвени за примена на вештачка интелигенција (ВИ)?
Вештачката интелигенција (ВИ) е еден од новите трендови во библиотеките и игра важна улога во трансформирањето на народните библиотеки во динамични места кои, покрај нивната примарна функција за позајмување книги, истовремено ќе создаваат и обезбедуваат пристап до дигитални информации, што резултира со трансформација на библиотеките во дигитални центри. Библиотечните процеси кои се засноваат на внесување податоци, како и задачите или процедурите кои се повторуваат, можат да бидат целосно автоматизирани. На пример, постои можност за примена на вештачка интелигенција во библиотечни процеси како што се каталогизација, референтни услуги, системи за пребарување и пронаоѓање итн. Неизбежно прашање што се поставува е дали и колку библиотеките и библиотекарите се подготвени да одговорат на можностите и предизвиците што ги нуди вештачката интелигенција. Библиотеките во Македонија го прифатија предизвикот на промените и пред повеќе од триесет години го започнаа процесот на автоматизирање на работата на библиотеките, а веќе долги години се работи на дигитализација на библиотечниот материјал. Дали библиотеките се подготвени да го направат следниот чекор и да овозможат примена на вештачка интелигенција во библиотеките, пред се за да се задоволат барањата и потребите на нивните корисници? Која ќе биде улогата и значењето на библиотекарот во спроведувањето на можностите што ги нуди ИА?
mk_MKMK