Пристап до апликацијата Мојата библиотека
Постои можност онлајн да направите проверка за Вашите задолжени книги во библиотеката, да го проверите периодот на истекување на рокот за запишување или рокот за враќање на изнајмените книги.
Постапката е следна:
- Одете на линкот https://plus.mk.cobiss.net/opac7/user/login Мојата библиотека
- Го внесувате името на Библиотеката во која сте зачленети бирајќи го од менито (Библиотека “Кочо Рацин”, Тетово (40148, KRTE)) или во горниот празен простор го внесувате акронимот на Библиотеката (40148 ).
- Го внесувате бројот на Вашата членска карта во облик во кој Ви е запишан под шипкастиот код кој е залепен на Вашата членска карта (пр. 0103000)
- При првото влегување во просторот за лозинка внесувате тетово, а веднаш потоа треба да направите промена на лозинката и да поставите лозинка која само Вие ќе ја знаете.
- Кликнувате на банерот влези и влегувате во Вашата библиотека.
- Во левиот агол стојат Вашите податоци како и датумот до кој важи Вашиот тековен упис.
- Ако кликнете на зајмување и резервации добивате преглед на книгите кои ги имате изнајмено од Библиотеката како и податоци за денот на изнајмување и денот кога треба книгите да ги вратите во Библиотеката.
- Со кликнување на долгови и ограничувања добивате информација за Вашиот долг кон Библиотеката.
- Во менување лозинка ја менувате Вашата постоечка лозинка со нова.
Во елктронско известување добивате информација кој тип на електронски известувања сакате да ги добивате. Од страна на Библиотеката дадена Ви е можност да имате пристап до сите електронски известувања кои ги нуди Библиотеката. Доколку сакате да поништите некои од нив тоа го правите кликнувајќи во коцката со зелен знак,добивајќи празна коцка и кликнувате на банерот смени поставувања за да ја заштитите промената.