„Најдобар читател за 2022 година“ јануари 18, 2023

На 23.12.2022 година со почеток во 12 часот, НУ Библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово организираше скромна манифестација на која беа доделени награди и подароци на најдобрите читатели за 2022 година. Комисијата за избор на најдобри читатели за 2022 година имаше тешка задача да ги издвои најдобрите и најактивните читатели за 2022 со оглед на тоа дека библиотеката има голем број активни и редовни читатели. Избрани се 20 читатели, 12 од Одделот за возрасни кои ги опфаќаат сите категории (ученици, вработени, пензионери…) и 8 активни и редовни читатели од Одделот за деца.

За учесниците беше подготвен скромен коктел и во пријателска атмосфера присутните ги прославија своите достигнувања.