Известување јуни 22, 2020

Почитувани читатели – корисници на библиотечни услуги во НУ библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово,

Во надеж дека наскоро ќе можеме да започнеме со работа, а во  интерес  на  заштита на здравјето на читателите и вработените пожелно е посетите во просториите на библиотеката да бидат пократки. Затоа ве повикуваме да ги користите сите предности кои нашата библиотека благодарение на автоматизираното зајмување во системот COBISS.MK ги овозможува:

Во нашиот каталог може да проверите дали ја имаме граѓата која сакате да ја зајмите и дали истата е слободна за зајмување/резервација. Ако направите избор ве молиме забележете ја сигнатурата на книгата која сакате да ја зајмите.

Преку апликацијата Мојата библиотека нашите корисници имаат увид во состојбата на зајмената граѓа, можат да го продолжат рокот на зајмување, да направат резервација, преглед и откажување на резервацијата, преглед на побарувања, ограничувања, историја на зајмена граѓа (преглед за тоа кои се наслови ги имаат до сега зајмено), да прават списоци на омилени наслови. При првото пријавувањето се повикувате на нашата библиотека (акроним КРТЕ), го внесувате бројот на членската карта и лозинката која ви е кажана при упис. Со цел да се избегне злоупотреба на профилот препорачуваме промена на лозинката при првото пријавување.

  • Од Google Play Store преземете ја мобилната апликација mCOBISS и од вашиот телефон продолжете го рокот на зајмување на вашата книга или резервирајте ја книгата која сакате да ја зајмите https://m.cobiss.si/mk/mCOBISS апликацијата ги нуди истите можности како и Мојата библиотека, но е уште полесно достапна за читателите преку мобилен телефон. Подетално за mCOBISS на линкот https://m.cobiss.si/mk/opis.html

Сите регистрирани членови во НУ библиотека „Кочо Рацин“ – Тетово, кои при својот упис пријавиле активна адреса на е-пошта имаат регулиран пристап до апликацијата Мојата библиотека односно mCOBISS. Преостанатите  членови кои немаат пријавено активна адреса на електронска пошта можат тоа да го сторат во контакт со библиотеката со испраќање на приватна порака на ФБ профилот/страната или на е-адресата: zajmuvanjekrte@yahoo.com.

Исто така на овие адреси можат да не контактираат сите членови кои имаат проблем при пријавување и ќе добијат порака со детални упатства на кој начин можат да се пријават.

Ве поздравуваме со желба за поскоро видување!